Извршителите лани наплатиле околку 108 милиони евра
„Вкупниот број на барањата за извршување е во границите на минатите две или три години, но имаме зголемување на барањата за извршување што се однесуваат на мали побарувања, додека барањата за извршувања што се однесуваат на поголемите суми се во голема мера намалени. Можам да истакнам дека превентивната функција на извршувањето е остварена, односно дека граѓаните, фирмите, државата се свесни за тоа дека доколку не ги намират своите долгови, ќе бидат дадени на извршител“, вели Петрески.