РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Ефикасното извршување е од огромно значење за развивање на добар и почитуван правен систем
Соодветното, ефективното и ефикасното извршување на судски одлуки е од огромно значење за државите во насока на создавање, зајакнување и развивање на добар и почитуван правен систем. Ова е еден од заклучоците на регионалната конференција која од 7 до 10 мај се одржа во Република Бугарија во организација на Комората на извршители. На конференцијата, на која имаше над стотина учесници од повеќе земји, меѓу кои извршители, високи претставници на правосудството, државни органи, универзитетски професори, беа разменети компаративни искуства за начинот на којсе применуваат законите за извршување во Македонија, во Бугарија и во Србија