РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Ефикасното извршување е од огромно значење за развивање на добар и почитуван правен систем
„Се надеваме дека надлежноста на извршителите ќе се прошири со оглед дека бројот на нерешени предмети во судовите е речиси два милиони и осумстотини илјади“, вели Трешњев.
Бугарија лани наплатила половина милијарда евра преку извршување
Една од земјите на Балканот каде што најдолго, односно десет години се спроведува приватниот систем на извршување е Бугарија. Претставниците на Бугарската комора на извршители, претседателот Ѓеорги Дичев и членот на Управниот одбор Петко Илиев, на конференцијата го објаснија тамошниот систем на извршување.