Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Со членот 48 од Предлогот на закон се прави измена во членот 467 од постојниот закон, така што се предвидува дека во постапката по стопанските спорови судија поединец суди ако вредноста на предметот на спорот не го надминува износот од 3.000.000 денари.
Со членот 49 од Предлогот на закон се прави измена во членот 473 став (1) од постојниот закон, така што во постапката по стопански спорови, спорови од мала вредност се спорови во кои тужбеното барање се однесува на побарување во пари што не го надминува износот од 600.000 денари.
Со членот 50 од Предлогот на закон, се пропишува дека постапките пред судовите поведени со поднесување на тужба пред денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе се спроведат според прописите кои важеле пред денот на отпочнување на примената на овој закон, и дека постапките пред првостепените судови кои не се поведени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе се водат според одредбите од овој закон.