Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Со членот 2 се врши зголемување на вредноста на предметот на спорот за спорови по имотно-правни барања по кои постапува судија поединец. Ваквиот предлог е во функција на поекономична парнична постапка.
Со членот 14 од Предлогот на закон се дополнува насловот пред членот 215 од Законот за парничната постапка.
Со членот 15 од Предлогот на закон се додава нов член 215-а, во кој се дефинира што претставува поимот „документ“ во смисла на Законот за парничната постапка. Согласно наведениот член, документ претставува пишан запис, слика, цртеж, податок или информација од било кој вид зачуван на хартија или снимен во електронска, аудио, визуелна или во друга форма, како и група на документи од иста категорија или класа со конкректен тесен опфат и со специфична содржина.