Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Со членот 28 од Предлогот на закон се менува и дополнува членот 354 став (2) од Законот за парничната постапка, така што се пропишува дека второстепениот суд по службена должност внимава на повредата на одредбите од парничната постапка и кога судот го повредил правото на странка на поставување на прашања на противната странка, на сведоците и на вештаците, рочиштето не е тонски снимено, и доставата во согласност со законот не е извршена по електронски пат.
Со членот 29 од Предлогот на законот во насловот на Глава дваесет и осма називот на посебната парнична постапка се менува и гласи: Постапка по платен налог.
Со членот 30 од Предлогот на закон пред членот 417 од Законот за парничната постапка се додава поднаслов: Постапка по судски платен налог. Воведувањето на терминот “судски платен налог“ има за цел да направи разлика помеѓу платниот налог што според одредбите на Законот за паричната постапка го издава судот, од нотарскиот платен налог што го издаваат нотарите.