Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Со членот 31 од Предлогот на закон се врши усогласување на членот 417 врз основа на предложените измени во законот.
Со членот 32 од Предлогот на закон се менува членот 417-а, со кој се утврдува обврската и временскиот рок за плаќање на судска такса за тужба со предлог за издавање на платен налог.
Со членот 33 од Предлогот на закон се менува членот 418 од постојниот закон, и се предвидува во кој случај судот ќе издаде судски платен налог. Тоа е случајот кога тужбеното барање се однесува на побарување во пари, а тоа побарување се докажува со веродостојна исправа приложена кон тужбата и ако обврската треба да се исполни во странство. Исто така се предвидува дека постапката за издавање на судски платен налог пред првостепениот суд мора да заврши во рок од три месеци, а постапката по жалба пред второстепениот суд во рок од 30 дена. Со определувањето на роковите во кои мора да заврши постапката по судски платен налог, се обезбедува брза и ефикасна постапка.