Објаснување на измените на Законот за парничната постапка
Со членот 34 од Предлогот на закон се додава нов член 418-а, со кој се предвидува кои исправи се сметаат како веродостојни исправи во постапката по платен налог. Како веродостојни испави се сметаат јавни исправи, меници и чекови со протест и со повратни сметки ако тие се потребни за засновање на барање, фактури, и исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавни исправи.
Со членот 35 од Предлогот на закон се брише членот 419 од постојниот закон, со оглед на тоа што со предложените решенија е определено кога судот издава судски платен налог.
Со членовите 36, 37, 38, 39, 40 и 41 од Предлогот на закон се врши терминолошко усогласување на членовите 420до 428 од постојниот закон.