Известување
Имено со законот за извршување се заштитени најранливите категории на граѓани и оние примања кои доаѓаат од одредено социјално право се изземени од извршување. Исто така извршувањето е ограничено на 1/3 од плата без разлика на големината и бројот на долговите што граѓанинот ги има.
Извршителите во текот на 1 година наплаќаат над 100 милиони евра пари кои се враќаат во стопанството, пари кои во најголем дел се средства од стопански субјекти, а кои не би имале гаранција дека би ги наплатиле своите побарувања доколку не би постоело извршувањето. Воедно сакаме да информираме дека извршителите со својата работа се гаранција дека секој граѓанин може да си го наплати своето побарување од друг граѓанин, од фирма или од државата. Извршителите враќаат стотици работници на работа, наплаќаат заостанати плати и придонеси на работници, намируваат самохрани родители кои не би можеле да ја наплатат алиментацијата доколку не би постоеле извршителите и извршувањето.