“ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “
Авторот на овој труд преку анализа и коментар на судската заштита и досегашните искуства, прави обид судската практика и досегашните искуства да се доближат до тие на кои им се најпотребни и за кои е наменет овој труд, а тоа се извршителите, судиите, нотарите и адвокатите, проценители, вештаци и стечајни управници, на службените лица во полицијата, на стопанските субјекти и финансиските институции и на специјализираните органи и тела кои имаат надлежност во постапката за извршување, на научната и стручната јавност, за продлабочување на знаењата и за едукација на кадрите за подобра соработка и за поуспешно и поефикасно работење во извршувањето на извршните исправи.