Пред стопанствениците промовирана книгата – „СУДСКА ЗАШТИТА ВО ИЗВРШУВАЊЕТО – АНАЛИЗА И КОМЕНТАР НА СУДСКА ПРАКТИКА“ од авторот Михајло Маневски
Наплатените средства од извршителите од 2012 до 2014 година значително се поголеми отколку во претходните години и изнесуваат над 100 милиони евра на годишно ниво, што е резултат на преносот на извршните предмети од судовите кај извршителите, што отпочна на 1 јули 2011 година, кога извршителите добија огромен број на извршни предмети кои претежно се однесуваа за неизмирени обврски спрема комуналните претпријатија за извршени услуги и неплатени сметки за струја, вода, топлинска енергија, радиодифузна такса.