Собранието на Република Македонија го донесе Законот за извршување.
Заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски на седницата истакна дека Законот за извршување е донесен 2006 година и оти претставува едно од најреволуционерните решенија во правосудниот систем во Република Македонија. Извршителите, за последните години имаат добиено над 900 илјади предмети, при што само од предметите кои се однесуваат на наплата на парични побарувања се наплатени над 830 милиони евра, кои повторно се внесени во правниот промет на земјата и се ефектуираат на целокупното стопанство. На седницата г-ѓа Бришкоска-Бошковски истакна дека 54 проценти од извршните предмети завршуваат во рок од три месеци, 10 проценти во рок до шест месеци, 11 проценти до една година, а остатокот над една година што покажува дека воспоставениот систем на извршување овозможува брза реализација на извршните исправи, доколку должникот има средства и оти целосно е надминат проблемот со екстремно бавната реализација на извршните предмети.