Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Втора интересна новина, на која упатува извршителот, е надлежноста на извршителот да врши продажба на подвижни и неподвижни предмети во рамки на стечајна постапка.
„Ова е сторено со цел да се олеснат продажбите во рамките на стечаите, а иницирано и мотивирано од тоа што во стечаите продажбата ја спроведува стечајниот управник кој не мора да биде и најчесто и не е правник, а тоа значи дека никогаш не полагал граѓанско право, стварно право, облигационо право и не е запознаен со аспектите на правото на сопственост и другите стварни права, а е ставен во ситуација да отуѓува, значи, да пренесува право на сопственост и, што е најинтересно, тој треба да го прави тоа најчесто во комплицирани ситуации на стечајни должници кои често немаат уредено право на сопственост на земјиштето“, вели Станковиќ.