Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
„Процедурата за промена на Законот започна пред речиси 4 години како резултат на долгогодишното неменување на Законот и проблемите кои се појавија во праксата, предизвикани од недореченостите и противречностите во самиот закон. Изминативе години бевме сведоци на повеќе измени на Законот за извршување, но тие измени, по правило, се однесуваа на споредни прашања во Законот, најчесто поврзани со статусот на извршителот. Треба да се напомни дека овие измени, всушност, беа во насока на тоа како да се влоши или да се отежни позицијата на извршителот, а дефинитивно не беа во врска со процесниот дел од Законот. Сега за првпат Министерството за правда дозволи да се осврнеме и на процесниот дел на Законот и промените во Законот беа толку бројни што на крајот се виде дека мора да се излезе со целосно нов законски текст, како што и испадна“, вели Станковиќ.
Враќање кон почетната идеја базирана на холандскиот закон