Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Во новото законско решение за извршувањето, појаснува Станковиќ, за разлика од претходните измени на законскиот текст, има значајни промени во неговиот статусен и процесен дел.
„Во статусниот дел има значајни промени во условите за тоа како да се стане извршител и како да се полага испитот за извршител. Треба да се нагласи дека промените во врска со полагањето на испитот не се ексклузивни само за нашиот Закон, туку се слични или идентични со решенијата во други закони, тоа е она познато полагање „игра на брзи прсти“. Во овој дел не би можел многу да коментирам бидејќи тие промени не се резултат на нашата работна група. Веројатно, идејата за овие измени е да се подобри полагањето на испитот“, појаснува Станковиќ.