Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Извршителот појаснува дека во однос на статусниот дел на Законот има суштински промени и во насока на дисциплинската одговорност на извршителите, со што се надминала, како што вели, постојната состојба која е хаотична.
„Материјата во врска со дисциплинската одговорност на извршителите во Законот за извршување се врати кон својата почетна идеја која беше базирана на рецепција на холандскиот закон. Тоа значи дека извршителот треба да биде контролиран од Министерството за правда во поглед своите административно-технички обврски, додека, пак, од страна на Комората во поглед на совесноста и етичноста на извршителот и, се разбира, главната контрола од судот во поглед и во смисла на законитоста во постапувањето. До донесувањето на овој закон и практично до неговата примена сега во август, оваа ситуација беше целосно конфузна и преклопена. Сега практично има хаос, но со новиот закон таа ситуација ќе биде средена“, нагласува извршителот Станковиќ.