Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Проширување на извршителската надлежност
Проширувањето на извршителската надлежност според извршителот Станковиќ е една од најзначајните новини во Законот за извршување. Проширувањето на надлежноста се согледува во правото и обврската на извршителот да постапува во предмети за обезбедување на материјални докази, нешто што сега го прави судот пред почнување на постапката.