10 ГОДИНИ КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
За соработката помеѓу Адвокатската комора и Комората на извршители говореше претседателот на АКРМ Никола Додевски, кој посочи дека во практиката адвокатите и извршителите имале одлична соработка и изрази уверување дека таквата позитивна практика ќе продолжи и во иднина. Задоволство од заемната соработка искажа и претседателката на Нотарската комора на Република Македонија Зорица Пулејкова, која оцени дека функционирањето на извршителите подразбира ефикасен правосуден систем кој ги следи европските стандарди.