10 ГОДИНИ КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Државниот секретар во Министерството за финансии Игор Димитров рече дека извршителите се клучна алка во правосудниот систем, но и во економскиот систем, особено во однос на функционирањето на деловните субјекти за кои правната сигурност е од исклучиво значење. Елена Милевска-Штрбевска од Стопанската комора на Македонија рече дека постоењето на организираната Комора на извршители не е императив само за Македонија и за нејзиниот правен систем, туку е императив на секој современ правен систем, чија пак ефикасност е иманентна за работењето на компаниите.