Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
ПЕТРЕСКИ: На ова прашање како Комора на извршители често одговараме и без да ни биде поставено. Секоја странка во извршувањето има право на приговор до претседателот на судот на секое дејствие на извршителот, а потоа и право на жалба до Апелациониот суд. Дополнително има можност на претставка до Комората на Извршители и до Министерството за правда. Важно е да се потенцира дека во текот на последните неколку години во просек сите извршители во РМ добиваат околу 150 000 барања за извршување, во комората и министерството за правда стигнуваат помеѓу 200 и 300 претставки во текот на една година од кои над 50% од овие претставки се од доверителите кои се жалат дека извршителите го оддолговлекуваат извршувањето односно дека го штитат должникот и слично. Сега вие сами заклучете дали извршителите работат совесно и професионално или не.