Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
Во поглед на се почестите случаи кога граѓаните за своите долгови дека завршиле на извршител дознаваат откако ќе им биде блокирана сметката и обвинувањата за некаква спрега со нотарите, Петрески вели дека таков нешто не невозможно.
-Таква спрега е невозможна. Вакви обвинувања има и за судовите дека должниците не знаеле дека некој ги тужел. Нотарот или Судот во моментот на донесувањето на извршната исправа нема претстава дали истата ќе стигне кај извршител, нема претстава ниту кога таа ќе биде дадена на извршител, уште помалку знае кај кој извршител таа ќе биде дадена, така што спрега помеѓу Нотар и Извршител како и помеѓу Судија и извршител невозможно е да има. Воедно сите три професии работиме според строго определени законски прописи кои оневозможуваат било какви манипулации истовремено овозможувајќи на секоја странка да ги заштити своите права, вели Петрески за Прес24.
Тој потенцира дека државните институции исто така се предмет на извршување таму извршувањето оди најлесно. Потенцира дека политиката досега стоела настрана и очекува дека така состојбата во оваа сфера така и ќе остане.
-Политиката во изминатите 10 години стоела настрана од извршувањето и убеден сум дека тоа така и ќе остане. Извршителите постојано извршуваат државни институции, во минатото многу почесто, денес финансиската дициплина е присутна и кај државата. Извршувани биле институции и Министерства како оние за Внатрешни, Финансии и Правда од кои во голема мера зависиме бидејќи ја контролираат нашата работа, но никогаш не се случило да има притисоци кои ќе значат неизвршување на предмет. Едноставно тоа е невозможно од причина што извршителот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната, помеѓу должникот и доверителот и тука извршителот мора совршено да балансира постапувајќи строго по закон доколку од било какви причини тој баланс се наруши, веднаш имате приговори, претставки, па и тужби од било која страна така што за вас како извршител најбезбедно е да се придржувате и работите според законските прописи, вели Зоран Петрески, претседател на Комората на Извршители, во интервјуто за Прес24.