Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
ПРЕС24: Колку трае еден процес на извршување?
ПЕТРЕСКИ: Должината на завршувањето на еден предмет зависи од многу фактори. Од видот и големината на побарувањето, но и од статусот на должникот односно колку е тој задолжен.
Некои предмети се завршуваат за неколку дена од денот на поднесувањето на барањето за извршување а некои и за неколку години. Одредени предмети не се завршуваат ниту за 10 години.
ПРЕС24: Има ли предмети кои никогаш нема да можат да се наплатат?
ПЕТРЕСКИ: Има. Доколку Должникот нема никаков имот ниту примања. Правните лица можат да завршат со стечај и ликвидација и предметот да не се изврши. Додека доколку физичкото лице почине и како што реков нема имот кој би бил предмет на наследување исто така предметот се затвара незавршен.