Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
ПРЕС24: Што станува со државните должници, институциите, јавните претпријатија, министерствата… има такви предмети? Се процесуираат или стојат во фиоки?
ПЕТРЕСКИ: Државните институции се предмет на извршување и да бидам искрен најлесни се за извршување бидејќи државата секогаш има пари. Има неколку примери каде не постои можност да се наплатат побарувањата од државни институции пример за тоа е Македонија пат, која има висок лимит определен од претседателот на судот, лимит под кој не можеме да извршуваме така што во моментов стотици предмети чекаат на ред за извршување и по неколку години.
ПРЕС24: Јавноста Ве знае како политичар, зошто по долги години политички ангажман, ја напуштивте активната политика?
ПЕТРЕСКИ: Не може човек цел живот да се занимава со политика, тоа не е здраво ниту за човекот ниту за политиката.
ПРЕС24: Влијае ли актуелната политичка состојба врз работата на извршителите?