Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Моето предавање на меѓународната конференција беше посветено на организацијата на канцеларијата на извршителите, а во однос на тоа извршителите да гледаат не само кон тоа како да се справуваат со случаите, туку и на самиот работен процес внатре во канцеларијата. Значи, тоа се оние мошне важни практични прашања за работењето на канцеларијата, а кои се однесуваат на организираноста на извршителот, организираноста на неговите соработници и вработените во канцеларијата, потоа применувањето на правилата за ефикасноста на канцеларијата од канцелариското работење до применувањето на професионалните стандарди, воведувањето на иновативната информатичка технологија, создавањето план на активности, менаџирањето со ресурсите, како и за прашањето за безбедноста. Во делот за безбедноста говорев за протоколот за безбедност, односно протоколот за заштита од агресија.