Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Што претставува овој протокол?
Станува збор за мошне значаен и корисен документ. Овој протокол всушност претставува еден вид прирачник за тоа како луѓето да се однесуваат во случаите на агресија и како да се справат со таквите случаи. Во таа насока, овој документ и прирачник дава одговори што всушност треба да се направи во случаи на агресија при нарушена безбедност на извршителот и неговата канцеларија, но и како да се превенира таа. Протоколот вклучува правила на однесување на вработените во канцеларијата и како да постапуваат во случај на нарушување на нивната безбедност.