Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Дали овој протокол е задолжителен во Холандија?
Да, во Холандија овој протокол е облигаторен за извршителите и правилата што се пропишани во документот мора да се применуваат. За ова постои институционална контрола од страна на трудовата инспекција. Во согласност со овој протокол, холандските извршители во соработка со властите, постојано работат на тоа да се засили нивната безбедност. Извршителите мора да знаат како да се справат со таквите случаи, мора да ги знаат процедурите и конкретните мерки што треба да ги преземат. И општо, на глобален план, мора да постои адекватна заштита на безбедноста на извршителите и тоа е едно актуелно прашање за кое неопходно е да се размислува постојано, да се анализираат проблемите во таа насока и да се бараат најдобрите солуции.