Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Кои се вашите совети до македонските колеги?
Јас ги советувам да посветат многу внимание на обезбедувањето квалитет на работата во канцелариите, затоа што, како што кажав, обезбедувањето минимум ниво на квалитет во канцелариите е составен дел од извршителската професија и ефикасната работа на секоја извршителска канцеларија. Како и секаде во глобални рамки, извршителите треба да знаат како да ја организираат својата канцеларија и работата во канцеларијата затоа што таквата организација во себе апсолвира повеќе барања и потреби, како што е менаџирањето со ресурсите, управувањето со предметите, информатичката технологија, безбедноста и превенцијата од агресијата, значи сѐ она што значи примената на нормите, кои означуваат стандарди за минимум квалитет. Треба да се нагласи дека за доследно применување на овие норми потребна е и соодветна контрола, затоа што на тој начин ќе се стандардизира примената на професионалните критериуми и норми.