Извршителот Зоран Димов – нов претседател на Комората на извршители
Според своите законски надлежности, претседателот на Комората на извршители ја претставува и застапува Комората. Како што се определува во Законот за извршување, претседателот на Комората на извршители се грижи и одговара Комората да дејствува во согласност со закон; издава потврда за приправнички и волонтерски стаж врз основа на евиденцијата од имениците на приправници и волонтери, како и други потврди од евиденциите што ги води Комората; се грижи и одговара за овозможување на надзор над Комората и за точноста на податоците и списите при надзорот, како и за преземање на мерки за отстранување на недостатоците констатирани со надзорот во роковите определени од страна на Министерството; ги решава конфликтите помеѓу извршителите, или меѓу извршителите и нивните странки кои се однесуваат на примената на овој закон и врши други работи предвидени со Статутот на Комората.


















