Извршителот Зоран Димов – нов претседател на Комората на извршители
Комората на извршители е основана на 7 јуни 2006 година на Основачко собрание на Комората на извршители, на кое се избрани органите на Комора предвидени со Законот за извршување. Комората е со својство на правно лице и седиште во Скопје и во неа задолжително се здружуваат извршителите и замениците на извршителите. При основањето, бројот на именувани извршители изнесуваше 40, а денес во Комората на извршители членуваат 97 извршители и 6 заменици на извршители кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во Република Македонија.


















