Извршителот Зоран Димов – нов претседател на Комората на извршители
Прв претседател на Комората е Горан Тошевски, извршител од Скопје избран на Основачкото собрание на Комората. Потоа, во периодот од 21 септември 2007 година до 10.6.2012 година претседател на Комората беше Антончо Коштанов, а во период од 10.6.2012 година до 10.6.2014 година претседател беше Гордан Станковиќ, извршител од Скопје. Пред изборот на извршителот Зоран Димов за нов претседател на Комората, претседател на Комората беше Зоран Петрески, извршител од Скопје.