Меморандум за соработка со Управата за водење на матични книги
Меморандумот се однесува на електронска размена на податоци за постапките кои се водат пред извршител. Преку пристап до веб порталот на Управата ќе биде овозможено добивање на изводи, по електронски пат, во рок не подолг од 48 часа, извршителот електронски ќе може да го прибави документ кој му е потребен во постапка со што се овозможува по ефикасно и по брзо остварување на правата на граѓаните.