Покана за прес конференција
Комората на извршители на Република Северна Македонија на ден 29.11.2019 година (петок), со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција во просториите на Комората на извршители кои се наоѓаат на ул. Костурски херои бр. 66-4 Скопје.
Конференцијата се одржува по повод донесената одлука на Управниот одбор на КИРСМ, за запознавање на јавноста со планот за организирање на ,,Отворени денови со граѓаните”.
Овие активности ќе се одржуваат во различни градови во државата на тема:,, Извршувањето во РСМ и проблемите кои ги имаат граѓаните во текот на постапката”. Сите подетални информации можат да се добијат на веб сајот на Комората www.kirm.mk