Одлука на Уставен суд на РСМ
3. Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијативата поднесена
од Новица Наков од Скопје, со Решение У. бр. 94/2019 од 20 февруари 2020 година,
поведе постапка за оценување на уставноста на член 18 став 2 од Законот за извршување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018), затоа што
основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека според член 18 став 2 од Законот за извршување, ако
во извршната исправа се определени и трошоците на постапката, извршителот, по предлог
од доверителот, ќе пресмета и ќе изврши наплата на законска казнена камата на износот
на определените трошоци согласно пропишаната стапка, од денот на донесувањето на
извршната исправа до наплатата.