Одлука на Уставен суд на РСМ
Согласно член 16 став 1 од Законот, нотарската
исправа е извршна исправа, ако станала извршна според посебен пропис кој ја уредува
извршноста на таквата исправа.
Според членот 17 од Законот:
(1) Извршната исправа е подобна за извршување ако во неа се назначени доверителот и
должникот, како и предметот, видот, обемот и времето на исполнувањето на обврската.
(2) Ако во извршната исправа не е определен рокот за доброволно исполнување на
обврската, извршителот го повикува должникот во рок од осум дена од денот на
доставувањето на поканата да ја исполни обврската утврдена во извршната исправа.
Од анализата на наведените и другите одредби на Законот за извршување, произлегува
дека законодавецот јасно и прецизно дефинирал што е извршна исправа и определил кога
истата станува подобна за извршување.