Одлука на Уставен суд на РСМ
Со членот 18 од Законот е уредено прашањето на наплата на камата и законска казнена
камата.
Така, според ставот 1 на овој член, кога во извршната исправа е определена наплата на
камата од должникот, истата се пресметува и наплатува до денот на исплатата на
средствата на посебната сметка на извршителот.
Според ставот 2 на истиот член, кој се оспорува со иницијативата, ако во извршната
исправа се определени и трошоците на постапката, извршителот, по предлог од
доверителот, ќе пресмета и ќе изврши наплата на законска казнена камата на износот на
определените трошоци согласно пропишаната стапка, од денот на донесувањето на
извршната исправа до наплатата.
Тоа значи дека со член 18 став 2 од Законот за извршување, се пропишува можност за
пресметка и наплата на законска казнена камата на определените трошоци на постапката,
и тоа за периодот од денот на донесување на извршната исправа до наплатата, ако за тоа
постои предлог од доверителот.
Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
3 од 3
Според Судот, основано се поставува прашањето за уставноста на вака пропишаната
одредба.
Имено, спорно е како може да се наплатува законска казнена камата на трошоците на
постапката, ако тоа изречно не е наведено во извршната исправа. Со давањето на право на
доверителот да побарува законска камата на трошоците, којашто не е утврдена во
извршната исправа, за него се утврдува право коешто не произлегува од извршната
исправа, а од друга страна, со обврската да пресметува камата којашто не произлегува од
извршната исправа, извршителот добива улога на суд.
Покрај тоа, оспорената одредба е недоволно јасна и прецизна во однос на тоа од кој
момент може да се бара законска казнена камата на трошоците на постапката, поради што
основано може да создава дилеми во нејзината примена.