Интервју Ванчо Марковски: Граѓаните најмногу должат за комуналии и за брзи кредити, а тие долгови тешко се наплатуваат
За што најмногу должат граѓаните и дали е лесна или тешка наплатата на тие долгови?
-Најголем број и проблем кај граѓаните се комуналните предмети, предмети произлезени од друштвата кои одобруваат брзи кредити, неможноста за исплата на предвидените рати за добиени кредити кај банките, паушалните трошоци настанати кај кривичните и прекршочните казни. Многу тешко се наплаќаат долговите и не случајно професијата извршител е, убеден сум, најтешка професија за работење и тоа не само во нашата држава, туку и во целиот свет, со таа разлика што нашиот животен стандард е низок. Ова не е само мое мислење. Симулацијата на Светска банка предвидува дека стапката на сиромаштија во РСМ ќе се зголеми на околу 20-23 проценти за 2020 година, споредено со 17 проценти во 2019 година.
Постои иницијатива „Стоп за извршителите“, која постојано организира протести со барање да се укине приватното извршување. Дали е тоа можно и што би се случило кога присилната наплата би се вратила во судовите?