Интервју Ванчо Марковски: Граѓаните најмногу должат за комуналии и за брзи кредити, а тие долгови тешко се наплатуваат
-Знам дека постои таква иницијатива но сметам дека тоа се нивни неосновани и со ништо непоткрепени докази и аргументи за укинување на приватното извршување. Во 2005 год нашата држава одлучила да го издвои извршувањето на извршните исправи од судовите и да го пренесе во надлежност на приватни извршители со јавни овластувања носејќи го Законот за извршување. Тоа сигурно е направено по долги анализи на дотогашното судско извршување, а и по примери на извршување во странски држави. Значи, РСМ тогаш не вовела нешто што не било познато во поразвиените држави од нас, туку тој процес бил проучуван тука и надвор и затоа е донесен таков закон. Тој закон со одредени измени и ден денес се применува, а ефикасноста во извршувањето во судовите и кај нас е неспоредливо во наша корист. Лично сметам дека враќање назад нема, но ако нашата држава сега одлучи извршувањето да го врати во судовите, нормално ние ќе ја почитуваме таквата одлука. Не мора целиот работен век да бидеме извршители, но постигнатите резултати на извршителите си го кажуваат своето.