Интервју Ванчо Марковски: Граѓаните најмногу должат за комуналии и за брзи кредити, а тие долгови тешко се наплатуваат
Пред речиси една деценија од судовите кај приватните извршители се префрлија стотици илјади предмети за долгови на граѓани. Некои беа стари и по две децении, оптоварени со големи камати. Тоа го наруши угледот, но ги наполни сметките на извршителите. Дали уште има такви предмети?
-Ме прашувате со Ваша констатација дека државата на судовите им нареди да ни се префрлат илјадници предмети кои биле во судовите годиништа наназад, нели? И јавноста сега нас треба да не презира з тоа што сега ние ги работиме таквите предмети? Што сме ние криви што таквите предмети се сè уште активни бидејќи тие предмети додека биле во судовите, за нив не се сметаат рокови за застареност. И што требаше ние да направиме, да постапиме исто како судовите, да не ги работиме? Па имаме и одговорност пред доверителите за непостапување и по овие предмети. Претпоставувам дека уште има такви предмети, но колку се, не знам, а мислам дека датираат од 2002, 2003 година и наваму.
Извршител, без претерување, е најомразената професија за граѓаните. Што мислите, што е причината за тоа и има ли начин да се смени оваа перцепција?