Интервју Ванчо Марковски: Граѓаните најмногу должат за комуналии и за брзи кредити, а тие долгови тешко се наплатуваат
За 13 години постоење, до 2018 година, за кога се последните објавени податоци од Комората, извршителите наплатиле над 1,2 милијарди евра. Но тоа е само малку над една третина од она што од нив го побарале доверителите. Дали ова значи дека нашите граѓани се сиромашни, а фирмите неликвидни, па не може да се наплати, или во прашање е нешто друго?
-Сосема сте во право. Поради актуелната здравствена состојба кај нас, а и во светот од ден на ден се потешко врви бизнисот во стопанството а со тоа и послабо е полнењето на државниот буџет, со тоа и обратно, сервисирањето на обврските на државата и на ЕЛС кон граѓаните и фирмите од кои користат услуги, па и поради тоа дефинитивно потешко е да се наплатат долговите во согласност со извршните исправи.