Вести
Меѓународната научна конференција „Тиквешки денови на правото – 2025

На Меѓународната научна конференција „Тиквешки денови на правото – 2025“, организирана од Институтот IURIDICA PRIMA, активно учество зема Весна Деловска, Претседател на КИРСМ. Конференцијата, која се одржа во хотел „Парк“ во Неготино, собра бројни правни експерти од земјата и странство, а присуството на Деловска го збогати дискурсот со нејзините искуства и стручни согледувања.
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
На ден 3 октомври 2025 година, се одржа потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за правда на Република Северна Македонија, Комората на извршители на Република Северна Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој меморандум се воспоставува рамка за меѓусебна институционална соработка и координација, со цел подобрување на ефикасноста на постапките, овозможување навремена и безбедна размена на информации, како и зголемување на правната сигурност
Учеството на Комората на извршители на РСМ на меѓународната конференција во Кишињев, Moлдавија
Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија присуствуваше на јубилејниот настан по повод 15 години од воспоставувањето на извршителскиот систем во Република Молдавија, кој одржува од 17 до 20 септември 2025 година во Кишињев. Во рамки на настанот се одржа и меѓународната конференција „Извршување: правото во акција за социјална еднаквост и економска стабилност“, на која беа разменети искуства и добри практики со извршителите од други земји.
Форум Европеум 2025
На 8 јули во Скопје се одржа Форум Европеум 2025, во организација на Институтот за европска политика – ЕПИ. Настанот собра експерти, претставници од институции и граѓанскиот сектор за да дискутираат за проширувањето на ЕУ и владеењето на правото, со посебен фокус на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.
Завршна конференција на BESp проектот во Бар, Црна Гора
Во периодот од 2 до 4 јули 2025 година, во Бар, Црна Гора, успешно се одржа Завршната конференција на BESp проектот.
Настанот обедини претставници од Коморите од регионот и од Меѓународната унија на судски извршители МУСИ, кои имаа можност да ги сумираат резултатите од петгодишната соработка, да разменат искуства и идеи за идни заеднички иницијативи.
Во рамки на конференцијата беа организирани и неформални активности, меѓу кои и фудбалски турнир „Лига на правни системи“.Со овој настан симболично беше заокружен успешниот петгодишен пат на BESp проектот, кој остави траен печат во областа на правната едукација и регионалната соработка.
Mеѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“

На 11 јуни 2025 година, во Алмати, Република Казахстан, се одржа меѓународната конференција на тема „Вештачка интелигенција, дигитални алатки и предизвици во извршувањето на обврските за издршка“. Настанот собра експерти и носители на одлуки од различни земји, со цел размена на искуства и идеи за модернизација на извршната постапка преку примена на нови технологии и зајакнување на механизмите за наплата на издршка.
Весна Деловска, Претседател на Комората на извршители на Северна Македонија, беше панелист во сесијата „Меѓународна практика во извршувањето на издршката“, која се одржа во рамки на вториот дел од конференцијата, посветен на прашањата поврзани со наплатата на издршката. повеќе...
Известување
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното Известување:
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Сузана Гилевска од Битола, дека предметите ги презема извршител Елена Стрезоска, именуван со Решение бр.09-399/4 од 10.04.2025 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Битола и Основен суд Ресен, со седиште на ул. Булевар 1-ви Мај бр. 218, Битола.
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Весна Деловска
Известување
Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното Известување:
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Александар Тасевски од Скопје, дека извршител Ивана Нешовска со Решение бр.09-1957/1 од 07.07.2021 година на Министер за правда на РСМ е именуван за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, за извршител кој ќе ги преземе предметите и евиденцијата која ја водел извршителот Александар Тасевски од Скопје, чија должност престана.
На ден 12.05.2025 година и на ден 15.05.2025 година извршител Ивана Нешовска презеде 8.644 предмети од поранешниот извршител Александар Тасевски.
Канцеларијата на извршител Ивана Нешовска е со седиште на ул. Никола Вапцаров бр.7/1-15, Скопје.
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Весна Деловска
19 години заедничка посветеност и професионализам

На 7 јуни 2006 година беше поставен темелот на Комората на извршители на Република Северна Македонија – темел изграден врз визија, храброст и стремеж кон правна сигурност и професионализам.
19 години подоцна, со искрено задоволство и гордост го одбележуваме овој значаен јубилеј, славејќи го континуираниот развој, трудот и ангажманот на сите членови кои придонесуваа и придонесуваат Комората да биде тоа што е – стабилен и угледен столб на извршната служба.Повеќе…
Семинар на извршители – 30 мај 2025 година
На 30 мај 2025 година, во Велес, се одржа семинар во организација на Комората на извршители на Република Северна Македонија. Темите беа посветени на прашања поврзани со стечајот, одговорноста на управителите и основачите на Трговските друштва и практични аспекти од извршувањето. Настанот вклучи излагања од стечајни управници и универзитетски професори, како и дискусија со извршителите, со цел унапредување на професионалната практика.Пролетен совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ),
![]()
На 15 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на Пролетниот совет на Меѓународната унија на судски службеници (UIHJ), што се одржа во Хаг, Холандија.
Во фокусот на оваа меѓународна конференција беа новите законски решенија и регулативи кои наметнуваат поголема социјална одговорност, како и потребата од интеграција на дигитални иновации во работата на извршителите.
Учество на КИРСМ на меѓународна конференција по повод 40-годишнината на CILC
![]()
На 13 мај 2025 година, Претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска, присуствуваше на свечената конференција организирана по повод одбележувањето на 40 години од основањето на Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).
Настанот, кој се одржа во знакот на четиридецениската посветеност на CILC во унапредувањето на владеењето на правото и меѓународната правна соработка, собра претставници од правосудни институции, правни експерти и партнери од повеќе земји. Присуството на КИРСМ на овој значаен јубилеј претставува потврда за континуираната соработка и заедничките заложби за јакнење на правната рамка и независноста на професијата извршител во земјата и пошироко.
Регионална работилница за дисциплински постапки и етика во Западен Балкан

Проектот „Зајакнување на извршувањето на Балканот“ (BESP), финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и спроведен од Центарот за меѓународна правна соработка и UIHJ, на 24 и 25 февруари ги собра Министерствата за правда и Коморите на извршители од земјите на Западен Балкан во Струмица, Северна Македонија, за да дискутираат за дисциплинските постапки и етиката. UIHJ беше претставен од неговиот прв потпретседател, Јос Уитдехааг. повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Фанија Каламатиева од Скопје, дека предметите ги презема извршител Кристијан Климоски, именуван со Решение бр.09-2790/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул. Луј Пастер бр. 11/1-1 Скопје.
Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Саветка Георгиева од Струмица, дека предметите ги презема извршител Христина Темелкова Митев, именуван со Решение бр.09-2791/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш, со седиште на ул. Св. Спасо Радовишки бр. 79, Радовиш.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Христо Јованов од Скопје, дека предметите ги презема извршител Дарко Топчов, именуван со Решение бр.09-2792/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул. Народен Фронт бр. 25/1-3 Скопје.
Годишната конференција „Десет години во служба на правдата – искуства и лекции“
Делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од извршител Гордан Станковиќ и извршител Јорданчо Давитковски учествуваа на Годишната конференција „Десет години во служба на правдата – искуства и лекции“ во организација на Комората на Јавни извршители на Црна Гора во соработка со проектот „Зајакнување на системот за извршување во земјите од Западен Балкан -Црна Гора (БЕСП)“. повеќе...
Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)
Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија во состав од извршител Александар Чамовски, член на Управен одбор на КИРСМ и извршител Александар Максимовски од Скопје учествуваат на Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во перио од 26.11.2024 – 29.11.2024 година. повеќе...
10 години од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово.
Претседателот на Комората на извршители на РСМ Весна Деловска, извршител Дашмир Саити и извршител Весна Јакимовска присуствуваа на јубилејниот настан на 10-годишнината од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово. Во своето обраќање Претседателот Весна Деловска го честита јубилејот и ја поздрави досегашната блиска меѓународна соработка на двете Комори, ја истакна важноста на извршителската дејност со желба за продлабочување на соработката.













































