Uncategorized
НОВИНИ ВО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Вонсудска наплата на долгови, задолжително известување пред блокада…
Предлог – законот за извршување, кој подолго време беше во владина постапка, е на прво читање во Собранието. Целта на новото законско решение, како што се наведува, е поефикасно остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а со правец на надградување на системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите. Повеќе…
Промовирана книгата „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“ од Михајло Маневски
Извршувањето е несомнено многу сложена и одговорна професија. Со извршувањето се остваруваат целите на постапката, а круна на секоја постапка е извршување на донесената одлука, независно дали се работи за судска или управна постапка или, пак, се работи за извршување на нотарска исправа. Ова го истакна поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, кој денеска ја промовираше својата книга „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“.Повеќе…
Известување
Комората на Извршители на РМ најостро реагира против злоупотребата на Извршителите во политички цели. Како што се наближува денот на изброите вообичаено пред секоја изборна кампања извршителите се злоупотребуваат со цел да се остварат ситни дневнополитички и партиски цели. Сакаме да апелираме дека Извршувањето како во целиот западен свет така и во Република Македонија е столб и гаранција на правната заштита на имотот на граѓаните. повеќе...
Тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето” во организација на Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Галерија
Ефикасната наплата на побарувањата од интерес и за членките на Здружението на трговијата и за извршителите
Здружението на трговијата одржа состанок со претставници на Комората на извршители на Република Македонија, со цел разгледување на спорните прашања поврзани со примената на Законот за извршување, а во функција на ефикасна наплата на побарувањата на доверителите. Повеќе…
Граѓаните можат да здивнат, извршителите се помалку наплатуваат долгови од пред повеќе години

За 9 месеци наплатени скоро 78 милиони евра
Во првите девет месеци од годинава извршителите наплатиле 77.808.745 евра. Според Комората на извршители на Македонија (КИРМ), како и последните две години, продолжува трендот на намалување на барањата за извршување и на вкупно наплатените средства во извршните постапки. Повеќе…
Меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“
Стартуваше меѓународната правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“. Главниот град на Македонија повторно е центар на светската и регионалната правна и економска елита. На големиот меѓународен настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот. Повеќе…
Известување
Во Сл.весник на РМ бр.178 од 15.10.2015 година се објавени : Правилник за видот на опремата и просторот потребни за вршење на извршни работи
• Правилник за формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за примените барања за извршување
• Правилник за начинот на вршење надзор над работата на комората на извршители на Република Македонија и на извршителите
Известување
Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на РМ “Павел Шатев” на ден 02.10.2015 година во Гостивар, организираа тркалезна маса на тема “Судска заштита против неправилности при извршувањето„ на која модератори беа г-дин Михајло Маневски, Министер за правда во пензија и судија Василка Маринковиќ од Основен суд Тетово. повеќе...
Фирмите не можат никако да наплатат од државните институции, за нив важат посебни закони.
Членот 211 од законот за извршување создава конкретен проблем на фирмите бидејќи го оневозможува извршувањето во должничко-доверителските односи помеѓу компаниите и јавните претпријатија и локалната самоуправа. Со овој член од Законот претседателите на основните судови имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на финансиски средства за функционирање на тие институции. Па така тие секогаш ги утврдуваат највисоките лимити и практично ги оневозможуваат фирмите преку извршување да си ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие институции. Повеќе…