Вести
Над 100 кривични пријави поднесени против извршителите во период од 7 години
извор. Академик
Заклучно со 2013-та, против извршителите биле поднесени околу 106 кривични пријави. Најголем број од нив, околу 95 отсто, обвинителствата ги отфрлиле како неосновани. Причините за посегнување кон пријави најчесто треба да се бараат во природата на работата на извршителите, посебно во овој временски период кога има наплив на огромен број извршни предмети од судовите, истакнаа учесниците на Тркалезната маса посветена на кривично-правниот аспект во постапката на извршување што во организација на Комората на извршители на РМ и на Академијата за судии и јавни обвинители. повеќе...
Одржана регионална тркалезна маса во Гостивар
На ден 31.10.2014 година во салата на советот на општината Гостивар, се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. Повеќе…
Учество на промоција
Извршителот Александар Пулејков на ден 26.09.2014 година учествуваше на промоција на третиот том од публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство” која беше во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Презентација на публикацијата “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство”
Одржана регионална тркалезна маса во Штип
На ден 26.09.2014 година во хотел ”Оаза” во Штип се одржа регионална тркалезна маса на тема „ Опсег и правни последици од примена на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно сторени од страна на странките и учесниците во извршувањето „. повеќе...
Известување
Се известуваат сите заинтересирани дека писмениот и усниот дел од испитот за
извршители од септемвриска испитна сесија ќе се одржи на 29 септември
(понеделник) 2014 година со почеток во 9:30 часот писмениот дел и 13:00 часот усниот
дел, во просториите на Апелациониот суд во Скопје (во салата за колегиум).
Потпишување на меморандум за соработка
Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Петрески и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска потпишаа меморандум за соработка. повеќе...
Стотици граѓани остаана и без плата и без пензија
Неусогласеноста на Законот за бруто плата, Законот за парнична постапка(ЗПП), Законот за извршување како и Законот за задолжително осигурување може да остават стотици граѓани во Македонија без пензии затоа што наместо како до 2009 година кога работодавците исплатуваа посебно плати, посебно придонеси, сега тие мора да вршат интегрирана уплата на сите трошоци за еден работник. Повеќе…


























