Вести
Соопштение
На ден 07.08.2014 година на 104-та седница Управниот одбор на Комората на извршители на Република Македонија донесе одлука да се приклучи кон Проектот на Владата на Република Македонија за еднократен отпис на долговите на граѓаните и да им препорача на сите извршители во најкраток можен рок да ја потпишат изјавата за интерес за склучување на договор за еднократно отпишување на долговите. повеќе...
Известување
На ден 17.07.2014 година, Претседателот на комората на извршители на РМ Зоран Петрески учествуваше на работилница на тема “Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер”, која беше организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. повеќе...
Благодарница
Комората на извршители на Република Македонија,изразува искрена благодарност наПроектот за јакнење на судството USAID Македонија за несебичната помош и подршка која проектот континуирано ја пружа на Комората, како и за особени заслуги за развој и промоција на извршителската дејност и Комората на извршители на Република Македонија во јавноста.
Благодарница за Комората на извршители на РМ
На вториот меѓународен семинар на Комората на изврштели на Република Македонија,кој се одржа во Ниш Репубика Србија од 19 до 22 Јуни 2014 година, од страна на Претседателката на Комората на извршители на Република Србија г-ѓа Александра Трешњев, беше врачена благодарница на Комората на извршители на РМ за донацијата која ја дадоа македонските извршители како помошна настраданото население од поплавените подрачја во Србија .
Известување
На ден 03.07.2014 година, во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа советување на тема “Постапка по приговор против неправилности во постапката за извршување”.
Советувањето беше наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја и претставници на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...
Покана за учество на советување кое го организира Здружението на правниците на РМ на тема: „Одговорностите и искуствата од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина во корелација со другите инструменти за дисциплинирање при плаќање на обврските“.
Пред почетокот на летото во стручното списание „Правник“ ќе биде објавен трудот на тема „Тенденцијата на финансиско дисциплинирање на субјектите во деловните односи“. Со овој труд го реактуелизираме прашањето за Законот за финансиска дисциплина кој само добива на актуелност како по неговото донесување, а уште повеќе по почетокот на неговата примена (1.5.2014 год). Пред само два месеци во мајското издание на списанието „Правник“, во пресрет на почетокот на примената на Законот, беше објавен трудот; „Дискутабилни одредби во Законот за финансиска дисциплина“. повеќе...
ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН ПЕТРЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ
Претседателот на Комората на извршителите вели дека е свесен за лошиот глас кој ги бие извршителите, но тие само се последна алатка во системот. повеќе…
СЕМИНАР НА ИЗВРШИТЕЛИ: Eксперти од регионов дебатираа на теми од областа на извршувањето
Извршители од повеќе држави од регионот, високи претставници на македонското правосудство и универзитетски професори изминатиов викенд зедоа учество на семинарот кој во организација на Комората на извршители на Македонија (КИРМ) се одржа во Ниш, Република Србија. Извршување врз фидуцијарна сопственост, Примена на начелото на судење во разумен рок во извршувањето, Извршување врз основа на веродостојни исправа од страна на приватен извршител во Србија, Злоупотреба на правата на странките во извршувањето… – беа дел од темите на кои се говореше во рамки на настанот. повеќе...
Спојот на младоста и искуството гарантира дека извршителската професија ќе продолжи успешно да се развива — Зоран Петрески, новиот претседател на КИРМ
Новоизбраниот претседател на Комората на извршители на РМ (КИРМ), Зоран Петрески вчера и официјално седна на претседателското столче. повеќе...
Известување за Копаоничката школа на природното право за 2014
Комората на извршители на Република Македонија избра нови членови на органите на КИРМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Македонија на седница во Прилеп на 29.03.2014 избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.06.2014 година.
За претседател на Комората е избран Зоран Петрески, извршител од Скопје.
За членови на Управниот одбор се избрани Гордан Станковиќ од Скопје, Премтим Ќерими од Куманово, Христо Јованов од Скопје, Емилија Павловска од Штип, Славица Ацовска од Тетово и Милица Николовска од Битола.
Годишно собрание на КИРМ: Годинава за првпат на средби со обвинителите
Вторник, 4 февруари 2014 – Регионални средби со обвинителите и за првпат страници во печатените медиуми преку кои ќе се информираат извршителите за сите тековни состојби, ова се новините кои во Годишнот извештај ги усвоија извршителите на Годишното собрание на Комората на извршители на РМ, што викендов се одржа во Струмица. Печатените изданија на издавачката куќа „АКАДЕМИК“, како и најдобрата збирка на важечки прописи со дневно ажурирање „АКАДЕМИКА“, ја дополнија информираноста во извршителската фела.
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Коморите на Извршители на Србија и Македонија
Bo пpонеделник 09.12.2013 во просториите на Kомората на извршители на Србија, претседателот г-дин Михаило Драговиќ се сретна со претседателот на Комората на Извршители на Македонија г-динот Гордан Станковиќ и неговите соработници.
Во таа прилика е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на Србија и Македонија, која преку меѓународна размена на искуства, има за цел унапредување на извршувањето во овие две земји.
Министерот за правда Blerim Bexheti го назначи Јасер Асани за извршител во Гостивар и Кичево
Министерот за правда Blerim Bexheti назначувајќи го и честитајќи му на Јасер Асани од Гостивар за извршител на подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево истакна дека вкупниот број на именувани извршители на ова подрачје изнесува 5 извршители.
КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби, навремено интервениравме со предлог за нивно уредување
Четврток, 14 ноември 2014 – Немаме информации дали постојат извршители кои заработиле казни за објавување единствените матични броеви на граѓани во дневните весници, велат од Комората на извршители на РМ (КИРМ) за Академик, откако вчера беше објавено дека Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела прекршочни пријави против четворица извршители. Комората истакнува дека суштината на создадениот проблем е во толкувањето, колизијата и примената на законските одредби и од тие причини претходно алармирале дека постоечките решенија создаваат проблеми во пракса. За ова прашање тие го искажаа својот став преку соопштение.
Комората на извршители на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Комората на приватни извршители на Република Aлбанија
Во рамки на одржувањето на Семинарот на извршители кој се одржува во Драч , Република Албанија денеска Комората на извршители на Република Македонија и Комората на извршители на Република Албанија потпишаа Меморандум за соработка. Со овој меморандум се продлабочува и соработката меѓу двете земји во областа на извршувањето. На потпишувањето на Меморандумот беа присутни министрите за правда на Република Македонија BlerimBexheti и на Република Албанија Eduard Halimi. повеќе...




















