Вести
Офицер за заштита на лични податоци
Со законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци
Oфицер за заштита на лични податоци
Љубица Новјановска Брајковска
mail: kirm@kirm.mk
Редовно годишно Собрание

На ден 26.02.2021 година во Скопје се одржа Редовно годишно Собрание на Комората на извршители на Република Северна Македонија, на кое Собрание беше усвооен Годишниот извештај за работата на Комората во период од 01.01.2020-31.12.2020 година повеќе...
Обука за обучувачи (ТоТ)

Во рамки на проектот „Прекугранично извршување на пресуди“, финансиран од страна на Федералното Германско Министерство за економска соработка и развој и Германското Друштво за Интернационална Соработка, Отворениот Регионален Фонд за правна реформа во Југоистична Европа во соработка со Меѓународна унија за извршители ја организираа првата сесија од регионалната онлајн програма насловена како Обука на обучувачи ( Train-the-Trainer повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Станка Кулакова од Штип, дека предметите ги презема извршител Силвана Митевска од Штип, определен со Решение бр.09-2957/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Штип и Основен суд Св. Николе, со седиште на ул. Кирил и Методи 11/1кат/3 Штип.
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Зоран Стоиловски од Делчево, дека предметите ги презема извршител Маријана Кацарска Могилевска од Кочани, определен со Решение бр.09-2958/2 од 23.12.2020 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на ул. Маршал Тито бр. 97/7-1 Кочани.
Повик за обучувачи во рамки на проект со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ)
Комората на извршители на РСМ во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) отворен регионален фонд за Југоисточна Европа- поддршка во правните реформи во земјите на Југоисочна Европа е дел од Програмата ,, Јакнење на прекугранично извршување на пресуди”. За таа цел Комората објавува повик за обучувачи кои би земале учество во програмата Обука за обучувачи за извршно право на приватните извршители чија што цел ќе биде да се развие одржлива програма за обука на приватните извршители со цел да се подобри прекуграничното извршување и да се развие една група на обучувачи за регионот на Југоисточна Европа.Работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и Министерот за правда на РСМ
На ден 29.10.2020 година, во просториите на Министерството за правда на РСМ, Претседателот на КИРСМ Ванчо Марковски, извршител Николче Диневски член на Управен одбор на КИРМ и извршител Јорданчо Давитковски одржаа работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ. повеќе...
Вонредна седница на Собрание на Комора на извршители на РСМ
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 01.10.2020 година избра нов Претседател на Комората со мандат од три години започнувајќи од 11.10.2020 година. За нов Претседател на Комората на извршители на РСМ е избран Ванчо Марковски, извршител од Тетово.
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршители на РСМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 10.08.2020 година избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.08.2020 година.
За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Битола се избра извршител Николче Диневски од Битола а за Заменик член на Дисциплинска комисија на КИРСМ од редот на извршителите се избра извршител Благој Бањански од Неготино.
За Претседател на Комората на извршители на РСМ не беше избран ниту еден од кандидатите
Известување до јавноста
По повод написите во дел од медиумите и социјалните мрежи, Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста за следното:
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување ( Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите,, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.
Известување

Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Благој Панов од Кочани во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Орце Гоцевски од Делчево, определен за преземање на предметите од страна на Министер за правда на РСМ за подрачјето на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на адреса ул.Бул.Македонија бр.45/5-14 во Делчево, телефон: 033/411-608; 033/270-266 и e-mail: gocevski_orce@t-home.mk
Известување
Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Весна Кавракова од Куманово во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Билјана Николовска именуван за подрачјето на Основен суд Куманово, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово, на адреса ул.Ленинова бр. 20А влез 1, стан 1 Куманово , телефон: 031 550-722 и e-mail: izvrshitel@izvrshitel.mk





















