Обука за обучувачи (ТоТ)
Во рамки на проектот „Прекугранично извршување на пресуди“, финансиран од страна на Федералното Германско Министерство за економска соработка и развој и Германското Друштво за Интернационална Соработка, Отворениот Регионален Фонд за правна реформа во Југоистична Европа во соработка со Меѓународна унија за извршители ја организираа првата сесија од регионалната онлајн програма насловена како Обука на обучувачи ( Train-the-Trainer programme ), а која програма опфаќа теми на обука од областа на извршувањето. Првата сесија се одржа во период од 15-18-ти февруари 2021 година и во истата беа вклучени група од селектирани извршители од државите во Југоисточна Европа.
Обука за обучувачи (ТоТ) проектот, има за цел да развие оддржлива програма за обука на извршителите со цел подобрување на прекуграничното извршување на странски судски одлуки и да формира група на сертифицирани обучувачи, кои ќе се стекнаат со сертификат издаден од страна на Меѓународната Унија на Извршители, за земјите од Југоисточна Европа.
Првата одржана сесија во рамки на ТоТ програмата ги опфати последните трендови во рамки на судското обучување, а врз база на унифицирана методологија за развој на програма и потребни критериуми за ефективни обуки. Учесниците дискутира за прекугранчиното извршување и начините на кои тоа е регулирано во рамки на правните системи во нивните држави како и за одредени спорни прашања и можни области кои во иднина би можеле да бидат разработени во рамки на обуката. Како резултат на дискусијата, групите беа формирани врз база на принципот на регионална репрезентација па дискусијата вклучуваше теми како: Прекугранично извршување на алиментација; Прекугранична достава на документи и акти; Хашката Конвенција за достава од 1965 година; Регионалнота пракса која извршителите ја имаат при спроведувањето на извршувањето; Е-извршување и стандардизиран регионален пристап, Хашката конвенција за Пресуди од 2019 година и Извршување против државата.
Следната сесија во рамки Обука за обучувачи (ТоТ) програмата е закажана од 6-9 април,2021 година.