Archive for 24 October, 2024
Семинар на извршители
Комората на извршители на РСМ на 19 октомври 2024 година, во Приштина, Република Косово, одржа Семинар на извршители. На семинарот предавање одржа судија Рафис Идризи од Апелационен суд Гостивар на тема ,,Правни последици од отварање на предстечај и стечај, излачно право и разлачно право, побивање на должникови правни дејства согласно Законот за стечај, намирување согласно Законот за извршување и Закон за стечај, задолжително доставување на решенија за отворена стечајна постапка до КИРСМ” и судија Тодор Поп Панев од Апелационен суд Штип на тема ,,Извршување на недвижност во заедничка сопственост, налог за извршување врз недвижност и проценка”. Гости на семинарот на извршители беа извршители од Комората на извршители на Република Косово.