СЕМИНАР НА ИЗВРШИТЕЛИ: Eксперти од регионов дебатираа на теми од областа на извршувањето
„Овој вид на обезбедување не е од акцесорна природа, односно за преносот на правата не е од значење дали побарувањето настанало, дали воопшто ќе настане, или е ништовно, или е побиено, или престанало со исполнување или на некој друг начин. Поинаква ситуација ако дојде до поништување на договорот за обезбедување – должникот може да бара од доверителот да му го пренесеправото на сопственост дадено за обезбедување, дури и тогаш кога сеуште постои побарувањето, кое со тој договор е обезбедено“, наведе Јаневски.
Постапката за намирување на доверителот во случај на задоцнување на должникот ја спроведува нотар или извршител. Доверителот, како што беше потенцирано во презентацијата, е овластен да побара од должникот преку нотар или извршител, во рок од 15 дена од денот кога должникот паднал во задоцнување, да го извести должникот и да поднесе барање предметот на кој е пренесено правото на сопственост да се продаде, или пренесеното право да се претвори во пари преку нотар или извршител. Во известувањето, меѓу другото, должникот е должен да ја определи најниската цена по која предметот може да се продаде, односно правото да се впаричи, при што таа не може да биде пониска од обезбеденото побарување, зголемена за каматите и трошоците на доверителот кои се предвидени, а ќе настанат до истекот на рокот до кој нотарот, односно извршителот, мора да го продаде предметот или впаричи правото, како и предвидениот данок на промет.
Забавената правда е еднаква на неправда
Преку презентацијата на Николчо Николовски, претседател на Одделот за судење во разумен рок при Врховниот суд на Република Македонија, како и претседател на Здружението на судии на РМ, беше анализирана примената на начелото на судење во разумен рок во извршувањето.