ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
„Тоа е некаде околу 8,9 % од вкупниот број извршени предмети. Би рекол дека не е тоа некој значаен број, меѓутоа ако се следи колкав е процентот на уважените приговори – делумно или целосно, некаде околу 30 до 35 отсто, би рекол дека на одреден начин укажува на судската контрола, која е во заштита на доверителите, во заштита на должниците, во заштита на сите лица, законот да биде применет правилно“, вели Маневски.