ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Според Маневски, осум години не е голем, но е доволен период за да се согледаат позитивните работи, но и одредени недоследности во регулативата на извршувањето, кои, меѓу другото, ги генерираат и овие приговори. Според него, со новиот Закон за извршување, што, пак, веќе подолг период е закочен во интуцитуционалните лавиринти, ќе се оствари поефикасна заштита на правата на странките од неправилности во постапката за извршување.
До Штипскиот суд 348 приговори
Статистиката, која беше презентирана на тркалезната маса, покажува дека конкрентно во Основниот суд во Штип во 2014 година се примени вкупно 348 предмети по приговори поднесени против неправилности во постапката за извршување. Податоците покажуваат дека 44,67 % од приговорите се одбиени како неосновани, а 40,60 % се уважени.