ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
„Имаме можност пред сè да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат извршителите во практика, кои многу често произлегуваат од регулативата. Во делот на предметите можеме да слушнеме за судската практика на другите судови, а можеме да слушнеме и за судската практика на Апелациониот суд каде што се одлучува во втор степен по поднесените жалби на решенијата на претседателите на судивите и затоа сметам дека ваквите работилници се многу корисни и за судиите и за извршителите. И сега имавме поголем број предмети за трошоци на извршител.
Потреба од воедначена судска практика
Учесниците на тркалезната маса резимираа истакнувајќи дека воедначената судска практика е суштинска за остварување на правната сигурност.
„Има законски решенија што побудуваат различни толкувања и затоа има и различна практика. Ние укажавме во кои сегменти од Законот за извршување има различна практика. Јас имам доставено до Врховниот суд две иницијативи со три прашања за заземање начелни правни мислења за да се усогласи практиката бидејќи неусогласената правна практика создава правна несигурност“, вели вршителот на должноста претседател на Основниот суд Скопје 2, Ѓорѓи Радојков.